Басконија падна во белградскиот пекол: Партизан направи голем чекор кон топ10 пласман

Кошаркарите на Партизан остварија исклучително важен триумф над Басконија во Белград (87:83) во рамки на 30. коло од Евролигата и направија значаен чекор кон топ10.

Црно-белите по оваа победа вечерва, имаат скор од 14 победи и 16 порази и се зацврстија на 10. позиција и сигурно ќе им побегнат на Валенсија и Баерн Минхен, кои имаат и меѓусебен дуел во среда, а пред ова коло имаа ист скор како и Партизан.

На Партизан не им одговараше победата на Ефес над Олимпијакос, затоа што турскиот кошаркарски клуб со таа победа остана во игра за топ10, но Партизан има поволна околност што имаат подобар меѓусебен скор против екипата од Истанбул.

Очекувани победи ова коло забележаа и Реал Мадрид над Алба, како и Макаби над Асвел. Жалгирис убедливо ја совлада Болоња и со тоа ги сочуваа теоретските шанси за пласман во топ10.

Партизан следно коло игра повторно во „Штарк арена“, овој пат гостин ќе им биде должникот од минатата сезона, тимот на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО