Новиот сопственик на Јунајтед со оригинален одговор на прашањето дали размислуваат за Мбапе

Пред нешто помалку од еден месец, компанијата ИНЕОС, го презема Манчестер Јунајтед, или дел од акциите на овој англиски великан.

Новиот ко-сопственик во клубот, Сер Џим Ретклиф, уште еднаш нагласи дека клубот под негово раководство ќе ја промени трансфер политиката и дека нема да троши вртоглави суми за искусни играчи, односно дека ќе инвестираат во просперитетни фудбалери.

Тој доби прашање дали воопшто навивачите би можеле да се надеваат дека наскоро можат да го добијат на Олд Трафорд, Килиан Мбапе.

– Не е баш некоја голема памет да се купи Килијан Мбапе. Тоа знаат сите да го направат со доволно пари, но јас со задоволство би нашол друг Мбапе, или следниот Мбапе, отколку да потрошам богатство за него. Нема да го сториме тоа. Ако ги погледнете последните 10 години, ќе видите какви цифри биле потрошени на фудбалери.

– Вреди да зборуваме за пронаоѓање на новиот Мбапе, за новиот Белингам, тоа се одлични играчи. Решението е да не се троши премногу, но за тоамора да ги најдеме квалитетните луѓе кои ќе го менаџираат процесот со играчите и да знаат добро да го организираат клубот. Тоа е витално за нас во иднина, порача Сер Џим Ретклиф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО