Овој човек нема среќа: Само што се врати на тренинзи, за Куртоа заврши сезоната

Белгискиот голман Тибо Куртоа оваа сезона баш нема среќа со повредите.

Чуварот на мрежата на „кралевите“, доживеа нова повреда откако денес тренингот го напуштил во солзи. Како што првично јави Марка, а потоа потврдија и од клубот, Куртоа заработил повреда на менискусот на левото колено, што значи дека за него сезоната е завршена.

Белгискиот интернационалец неодамна се врати на тренинзите по тешката повреда и операцијата на вкрстените лигаменти, а веќе беше најавено дека од почетокот на април тој може повторно да биде дел од тимот на терен, но среќата и овој пат не го посака.

– По денешните одработени прегледи, може да потврдиме дека тој има скинат внатрешен менискус во левото колено. Повредата ја заработи на тренингот, следи опоравување, порачаа од Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО