Баркли: Јокиќ е најдобриот странец во НБА историјата

Денвер нагетс беа поразени од Минесота тимбервулфс во првата средба од второто коло од плеј-офот на Западот, но Никола Јокиќ и натаму е прв фаворит за признанието најкорисен (МВП) играч на НБА лигата во регуларниот дел од сезоната.

Јокиќ двапати, во 2021 и 2022 година го доби тоа признание, но минатата година тоа му припадна на Џоел Ембид од Филаделфија сиксерс, иако многу експерти тврдеа дека Србинот требаше да го добие по трет пат.

И додека се очекува Јокиќ годинава повторно да го добие признанието, легендарниот Чарлс Баркли во подкаст изјави дека Јокиќ е најдобриот странец кој некогаш играл во НБА.

– До доаѓањето на Јокиќ, Дирк Новицки беше најдобриот странски играч во НБА историјата. Затоа мислам дека Денвер ќе ја одбрани титулата, рече, меѓу другото, сер Чарлс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО