Вечерва на мечот Кристал палас – Манчестер Ј. судијата ќе носи видио камера!

На натпреварот Кристал палас и Манчестер јунајтед вечерва во Лондон, судијата Џеред Џилет за прв пат на меч во Премиер лигата, ќе користи видео камера поставена на неговата глава, наречена „РефКам“ (RefCam).

Снимката нема да се емитува во живо, но видеото потоа ќе биде искористе за да се добие увид во судењето во Премиер лигата.

Во февруари, судијата во Бундеслигата, Даниел Шлагер, носеше камера и микрофон на мечот Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург, 2:2 и таа снимка беше искористена во една тв програма.

Минатата година, Премиерлигашкиот судија, Роб Џонс, носеше видео камера на натпреварот од „Летната серија 2023“ меѓу Челси и Брајтон во Филаделфија, САД.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО