Манчестер јунајтед остана без дефанзивци

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените околу три недели и нема да одигра ниту еден од преостанатите натпревари од тековната сезона.

„Црвените ѓаволи“ во моментов немаат ниту еден здрав централен дефанзивец во пресрет на натпреварот со Кристал палас вечерва во 36. коло од англиската Премиер лига.

Рафаел Варан и Џони Еванс ќе го пропуштат натпреварот поради мускулни повреди, Лисандро Мартинез е надвор од терените од почетокот на април, додека Виктор Линделоф се здоби со повреда на тетивата и нема да игра најмалку уште три-четири дена. На крајот од април се повреди и Вили Камбвал.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО