Лос Анџелес Лејкерс загубија на гости од Денвер нагетс со 99:101, во вториот меч од првата плеј-оф рунда во НБА лигата. Ѕвездите на Лејкерс, Ентони Дејвис и Леброј Џејмс по мечот беа бесни на судиите.
Ентони Дејвис на прес-конференцијата по натпреварот дојде многу исфрустриран. Откако еден новинар го праша што се случи во последната акција, тој само рече: „Мареј го погоди ударот“. Потоа го спушти микрофонот и без да каже збор ја напушти конференцијата.
Anthony Davis is equally as pissed pic.twitter.com/WU5ax06Ewu
— Lakers Lead (@LakersLead) April 23, 2024
Лут беше и Леброн Џејмс. „Не разбирам што се случува со снимките и со судиите. Тоа го кажав оваа и минатата година. Д’Анџело Расел доби удар во главата. За кој к** постојат снимките. Нема смисла, ми пречи“, изјави еден од најдобрите играчи воисторијата.
LeBron is pissed
“I don’t understand what’s going on in the replay center, to be honest… What the fuck do we have a replay center… Makes no sense to me. It bothers me.” pic.twitter.com/ONLZZq4BjH
— Hoops (@HoopMixOnly) April 23, 2024