Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

Фабио Капело, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборуваше за најдобрите фудбалери на сите времиња и за најдобрите на денешницата.

– Ламине Јамал од Барселона е многу интересен играч, но нема да биде гениј како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа генијалци. Кристијано Роналдо е одличен, освои многу трофеи, „Златна топка“, но не е одличен како Меси. Тој не е генијалец. Но кога сме кај генијалците, заборавив еден кој може така да се опише: Роналдо „феномено“.

Бев изненаден од Џуд Белингам сезонава, не очекував дека еден Англичанец толку брзо ќе има големо влијание врз Реал Мадрид. Килијан Мбапе? Уникатен играч, тој може да направи разлика во секунда и тешко е да го запрете.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО