ЦЕВ ги формираше квалификациските групи за ЕП

Грција ќе и биде противник на Македонија во машка и женска конкуренција во квалификациите за Европскиот собир во 2026 година. Кај мажите во групата влезе и Грузија додека кај одбојкарките се смести селекцијата на Австрија.

Одбојкарите патот кон ЕП ќе го стартуваат во август прво со Грузија на гости, а потоа со Грција дома. Во 2025 ќе одиме кај нашиот сосед, а потоа ќе бидеме домаќини на Грузијците. Дамите квалификациите ќе ги почнат со Австрија пред да одат во Грција.

Потоа по обратен редослед прво со Грција дома па со Австријките на нивни терен. Пласман на ЕП ќе обезбедат седумте победници во групите и петте најдобро второпласирани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО