Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски го направи изборот нна играчите со кои ќе настапи на последниот турнир во Европската лига.
Миленкоски за Приштина поведе 13-мина репрезентативци на кои ќе смета за дуелите со домаќинот Косово и селекцијата на Израел.
Во последниот пресек селекторот Миленкоски одлучи дома да останат младите, Лука Ристоски, Ване Арапов, како и Јован Милев.
Oд претходно е познато дека за целиот циклус надвор од комбинација е и повредениот Александар Љафтов.
Во првиот меч Македонија за противник ќе го има домаќинот Косово.
Дуелот ќе се игра од 20 часот, а во истиот термин ден подоцна (сабота) противник е Израел.