Ракометарите на 21 март ќе ги дознаат противниците

Квалификациските групи за пласман на Континеталниот собир во 2026 година ќе бидат формирани на 21 март во Копенхаген, потврди денеска Европската ракометна федерација.

Во ждрепката ќе има 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи. Првите две земји од секоја група ќе обезбедат пласман на турнирот заедно со најдобрите четири кои ќе го освојат третото место.

Еве како ќе бидат поделени репрезентациите. ШЕШИР 1: Шпанија, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд, Словенија, Португалија, Холандија ШЕШИР 2: Македонија, Полска, Црна Гора, Чешка, Србија, Австрија, Грција, Фарски Острови ШЕШИР 3: Литванија, Италија, Словачка, Романија, Украина, Белгија, Швајцарија, БИХ ШЕШИР 4: Финска, Турција, Летонија, Косово, , Израел, Грузија, Луксембург, Естонија

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО