Модриќ: Неверојатно, за вакво нешто можев само да сонувам

Хрватската фудбалска репрезентација остана во трка за нокаут фазата на Светското првенство откако ја победи Панама со 1:0 во натпреварот од второто коло. Мечот покрај стрелецот на единствениот гол, Анте Будимир, го обележа и капитенот на Хрватите, Лука Модриќ.

Брилијантниот играч од средниот ред го одигра својот 200-ти натпревар за репрезентацијата. Ваков подвиг досега оствариле уште само тројца фудбалери,

Лионел Меси за Аргентина, Кристијано Роналдо за Португалија и Бадер Ал Мутава за Кувајт.

„Среќен сум, горд на оваа величествена бројка, но уште посреќен сум за нашата победа, која беше тешка, но мислам дека на крајот беше заслужена.“

По натпреварот, за него беше одржана мала церемонија, каде што сите репрезентативци носеа маички со ликот на Модриќ и стилизираниот број 200 и англискиот натпис „Infinite Legacy“, а беше пречекан од десетици илјади навивачи од трибините на стадионот во Торонто.

„Никогаш не можев да сонувам дека ќе ја достигнам таа бројка. Фала му на Бога, дојдов и да продолжиме понатаму. Им благодарам на навивачите за прекрасната поддршка, благодарам на сите за честитките, благодарам на сите што беа со мене во текот на овие 200 натпревари и секако ми помогнаа – од тренерот, соиграчите, сегашни и поранешни, сите што ни го олеснуваат животот во репрезентацијата, голема благодарност до сите нив“, рече хрватскиот капитен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО