Португалецот посочи еден млад играч на Каталонците

Одбранбениот играч на Барселона, Жоао Кансело, има само пофални зборови за младите играчи на Каталонците. Тој во преден план го издвои 16 годишниот, Ламин Џамал, кој потекнува од академијата на Барса.

– Ламин е неверојатен играч. Во фудбалот не е само талентот. Потребен ви е менталитет а Ламин го има. Тоа е одлично, – вели Португалецот.

– Мојата иднина е неизвесна но, сакам да останам во Барселона. Горд сум што го носам дресот, – изјави Кансело кој настапува како позајмен од Манчестер Сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО