Женската македонска одбојкарска репрезентација со убедлив пораз од Словенија вечерва во Скопје го заврши настапот во Европската лига. Македонските одбојкарки загубија со 0:3 (15:25; 10:25 и 10:25).
Македонските одбојкарки се во групата на четири репрезентации, кои не освоија бод, заедно со Албанија, Грузија и Исланд.
Денешниот противник Словенија го освои првото место во Европската лига и е една од четирите репрезентации заедно со Шведска, Унгарија и Словачка, кои без загубен натпревар изборија пласман на првите четири места односно Словенија е првопласирана.
Македонија настапот во Европската лига 2026 го завршува со шест порази во исто толку одиграни натпревари.