Тројца играчи на Барса на мета на клубови од Саудиска Арабија

Тројца водечки играчи на Барселона се трансфер цели на клубови од Саудиска Арабија во претстојниот летен преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.

Станува збор за Роберт Левандовски, за Рафиња и за голманот Марк-Андре тер Штеген. Каталонскиот клуб речиси сигурно ќе мора да се раздели од барем еден од своите најдобри играчи бидејќи итно му требаат пари за санирање на финансиската состојба.

Ниту еден од споменатите играчи нема договор кој му истекува наскоро, што и дава позиција на Барселона да бара поголеми суми.

Левандовски продолжува да постигнува голови (18 сезонава), но ќе наполни 36 години во август, што го прави главна цел на богатите клубови од Блискиот Исток.

Тер Штеген има 31 година и договор со Барса на уште четири години. Рафиња (27) е најмладиот од тројцата, но со клубот е врзан до 2027-та.

За Бразилецот веќе имаше понуди од Саудиска Арабија, со плата од 20 милиони евра, но тој одби да го напушти шпанскиот клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО