Анчелоти одговори на прашање за иднината на Крос и Модриќ во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за иднината на играчите од средниот ред Тони Крос и Лука Модриќ во клубот.

„Секогаш сум оптимист. Ова што го зборувате сега се споредни теми. Фокусирани сме на натпреварите и ќе зборуваме за иднината по финалето на Лигата на шампионите.

Што се однесува до Модриќ, никогаш не сум имал проблеми со играчите, ниту се Лука. Тој е извонредна личност. Никогаш нема да имаме проблеми со него, бидејќи многу се почитуваме“, изјави Анчелоти за „Марка“.

Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека двајцата играчи се блиску до продолжување на договорите за уште една сезона. Беше истакнато дека хрватскиот играч за врска веќе одбил две профитабилни понуди за да остане во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО