Ѓоковиќ почна со тренинзи во САД: Индијан Велс е „тенискиот рај“

Новак Ѓоковиќ пристигна во САД каде што почна да тренира и да се подготвува за настапот на Мастерсот во Индијан Велс.

– Сега е 2024-та, а последен пат играв на Индијан Велс во 2019 година. Пет години се предолги без учество на турнир во „тенискиот рај“, еден од најдобрите турнири во светот, омилениот Мастерс на многу играчи, меѓу кои сум и јас.

Се сеќавам на 2008 година, кога за првпат ја освоив титулата тука. Во тоа време тоа беше една од најголемите титули во мојата кариера. Го победив Марди Фиш во финалето. Имав доволно среќа да го освојам трофејот уште четирипати, да играм епски финалиња против Федерер и Надал, но и против други големи играчи од оваа ера. Едвај чекам да се вратам, изјавил светскиот рекет број 1.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО