Јаник Синер се врати на тренинзи на терен

Победникот на Австралија опен 2024 година, вториот рекет на светот, италијанскиот тенисер Јаник Синер за првпат се врати на тренинзите на теренот по повредата на колкот, пренесува „Скај Спорт“ на социјалната мрежа X.

Да потсетиме, Синер се повлече од Мастерсот во Мадрид (Шпанија), а потоа и од домашниот турнир во Рим поради повреда на колкот. По оваа пауза тој за прв пат влезе на терен за да одработи еден тренинг.

Претходно се дозна дека Италијанецот завршил еднонеделен третман за опоравување, кој го поминал во клиниката „J-Medical“ во Торино (Италија).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО