Заврши сезоната во Бундес лигата: Леверкузен ја слави титулата, Келн и Дармштад се селат во втора лига

Денеска, се одиграа натпреварите од последното, 34. коло во германското фудбалско првенство за сезоната 2023/2024. Натпреварите од германската Бундес лига оваа сезона започнаа 18 август 2023 а завршија денес 18 мај 2024 година.

Баер Леверкузен со 90 бодови стана шампион на овосезонската германска Бундес лига. Да напоменеме дека Леверкузен не претрпе ниту еден пораз. „Фармацевтите“ победија 28 пати, а шест пати израмнија и без пораз го завршија шампионатот. Второто место на крајот го освои Штутгарт со 73 бодови. Баерн со поразот кај Хофенхајм заврши на третото место со 72 бода. Место во Лигата на шампионите обезбедија лајпциг и Борусија Дортмунд.

Дармштад го заврши првенството во зоната за директно испаѓање со 17 бодови заедно со Келн кој освои 27 бодови. Унион Берлен се спаси со гол во последен момент, а Бохум го зазеде 16-тото место со 33 бодови и ќе игра бараж меч со претставник од втората Бундес лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО