(ВИДЕО) НБА лига: Една од најдобрите шутерски серии на сите времиња и решавачки кош од 18 метри

Лука Дончиќ одигра одлично на натпреварот во Кливленд кавалирс – Далас маверикс, 121:119, постигнувајќи 45 поени (плус 13 асистенции и девет скока), но и покрај тоа неговиот тим беше поразен.

Во лудата завршница од мечот, Макс Страс го постигна решавачкиот кош со шут од 18 метри! Претходно Далас поведе со поените на П.Џ. Вашингтон по асистенцијата на Дончиќ, за 119:118.

На семафорот останаа уште 2,6 секунди, кога Страс се обиде да го стори тоа што изгледаше речиси невозможно. Страс погоди тројка со звукот на сирената, со удар од голема далечина што беше продолжение на неверојатната шутерска серија на играчот кој нема статус на ѕвезда во лигата.

Во последните четири минути игра тој петпати шутираше кон кошот на Маверикс и сите пет обиди за три поени беа прецизни. Страс натпреварот го заврши со 21 поен, сите од удар за три поени (7/10)!

Само еднаш во историјата на НБА од сезоната 1979/80, односно од воведувањето на тројката, победничкиот кош беше постигнат од поголема далечина.

Тоа се случи во декември 2021 година кога Девонте Греам постигна поени за победа на Њу Орлеанс против Оклахома сити, од 18,5 метри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО