Драган Стојковиќ Пикси го објави поширокиот список на Србија за ЕП во Германија

Селекторот на фудбалста репрезентација на Србија Драган Стојковиќ Пикси го објави поширокиот список на фудбалери за настап на Европското првенство.

На него има 35 имиња, од кои десет треба да бидат отфрлени, а конечниот список на патници за Германија треба да биде познат најдоцна до 7 јуни, кога е крајниот рок.

Некои селектори уште во овој период ги објавија конечните списоци, но српскиот селектор остави простор и ќе ја следи ситуацијата со двајца свои фудбалери, Немања Гудељ и Срѓан Бабиќ, кои се под знак прашалник поради повреди.

На списокот на селекторот има 4 голмани кои ќе конкурираат за настап на ЕП, но еден од нив ќе мора да отпадне при кратењето на овој список.

Србија на Европското првенство во Германија ќе игра во групата Ц заедно со селекциите на Англија, Данска и Словенија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО