Верстапен со уште една пол-позиција во Имола, по што се израмни со легендарниот Сена

Актуелниот шампионот во Формула 1, Макс Верстапен имаше најдобро време во денешните квалификации на трката за ГН на Италија. Верстапен по осми пат во низа ќе тргне од првата стартна позиција, а со ова се израмни со легендарниот Аиртон Сена. И покрај тоа што Верстапен имаше одредени проблеми во текот на самите тренинзи, сепак на крајот се избори за пол-позиција.

Верстапен беше доминантен во третиот круг на квалификациите и со време 1:14,746 беше недостижен за конкурентите. Зад него утре ќе стартува двоецот на Мекларен. Оскар Пиастри и Ландо Норис. По нив следеа возачите на Ферари кои имаа солидни тренинзи, четврти ќе стартува Леклер, а петти Карлос Саинц Ј.

Во првите десет се уште Расел, Цунода, Хамилтон, Рикиардо и Хулкенберг, додека рана елиминација имаше Фернандо Алонсо кој неколку пати излетуваше од патеката.

Трката за Големата награда на Италија се вози на патеката Емилија Ромања в недела во 15:00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО