Шестгодишна суспензија за светскиот рекордер Кипруто

Светскиот рекордер на друмска трка на 10 километри, Кениецот, Ронекс Кипруто, суспендиран е на шест години поради неправилности пронајдени во неговиот биолошки пасош.

На 24-годишниот Кипруто ќе му биде одземен рекордот што го постави во Валенсија 2020 година и бронзениот медал на 10.000 метри што го освои на Светското првенство (СП) 2019 година.

Неговата суспензија е до мај 2029 година, откако беше привремено суспендиран на 11 мај 2023-та поради кршење на правилата за антидопинг.

AБП е електронски запис кој ги следи биомаркерите на спортистите во текот на нивната кариера. Ако овие маркери драматично се променат, тоа ги предупредува официјалните лица дека спортистот можеби е допингуван.

– Судот ја отфрли одбраната на Кипруто, заклучувајќи дека „причината за абнормалности во АБП веројатно се должат на манипулација со крв“, како на пример, преку употребата на рекомбинантен човечки еритропоетин (рEПО), објаснува Одделението за интегритет на атлетиката (AИУ). кое ја донесе забраната.

Кипруто може да се жали на одлуката до Судот за спортска арбитража (САС).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО