Нуњез со хет-трик во победата на Уругвај над Мексико

Уругвај имаше успешна контролка против селекцијата на Мексико на која напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез постигна хет-трик за победа од 4:0, на мечот што се одигра во Денвер, САД.

Нуњез го „отвори“ резултатот во седмата минута, а крилниот напаѓач Факундо Пелистри во 26-та зголеми на 2:0. Нуњес погоди по вторпат во 44. минута кога беше проигран од Масимилијано Араухо, а третиот гол го даде на стартот од второто полувреме, во 49. минута по додавање на Пелистри.

Уругвај како и Мексико се подготвува за Копа Америка. Првиот меч за Уругвај е на 24 јуни против Панама. Мексиканците ќе стартуваат ден претходно против Јамајка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО