ЕП 2024 последен голем турнир за ветераните Роналдо, Левандовски, Модриќ?

Фудбалскиот портал „Гол“ состави листа на играчи за кои Европското првенство (ЕП) 2024 најверојатно е последното големо натпреварување во кариерата.

За очекување е, се наведува во текстот, ветераните како Оливие Жиру (Франција, 37), Кристијано Роналдо (Португалија, 39), Роберт Левандовски (Полска, 35), Хесус Навас (Шпанија, 38), Мануел Ноер (Германија, 38) и Лука Модриќ (Хрватска, 38), за последен пат да играат за своите репрезентациите на силен турнир.

На таа листа се и Антоан Гризман и Н’Голо Канте (Франција, двајцата по 33), Кевин Де Брујне (Белгија, 33), Тони Крос и Илкај Гундоган (Германија, 34 и 33), Пепе (Португалија, 40), Кајл Вокер (Англија, 34) итн.

– Треба да им ослободиме пат на младите. Исто така, треба да внимаваме тоа да биде навреме, не за една или две години предоцна, изјави Жиру за Л’Екип, кој клупската кариера ќе ја продолжи во САД.

Модриќ дебитираше за Хрватска во март 2006 година, како 20-годишник во пријателскиот натпревар против Аргентина (3:2). Цели 18 години подоцна, со сребро и бронза од СП и второ место од Лигата на нации (ЛН), тој е подготвен за нов обид да го освои златото со Хрватска за која има одиграно 174 натпревари

– Тој одлучи да остане во Реал Мадрид уште една година, но ќе биде огромен шок, без разлика колку Модриќ ја сака својата земја, доколку реши да продолжи да игра за Хрватска по ЕП, пишува „Гол“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО