Одреден датумот за реваншот Фјури – Усик во Ријад

Раководството на боксерската федерација на Саудиска Арабија веќе го испланира датумот за втората борба меѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик. Првата борба се’ уште не е одржана, но Турки Алалших, веќе организира реванш за неприкосновената титула, на 12 или 13 октомври годинава во Ријад, Саудиска Арабија.

Првата пресметка меѓу двете ѕвезди ќе биде на 18 мај на истото место. Борбата меѓу двајцата ќе биде за неприкосновената титула во тешка категорија. Усик (21-0, 14 КО) ги има титулите ВБА, ИБФ и ВБО, додека Фјури (34-0-1, 24 КО) ја има титулата во ВБЦ.

Двајцата во моментов се во средината на тренинг кампањата, во пресрет на големата борба која е за помалку од две недели. Таа борба првично требаше да се одржи во февруари, но Фјури се повлече поради повреда. Доколу некој од нив сега се повлече, тогаш ќе мора да се раздели со 10 милиони долари бидејќи таква е казната што ја одреди Турки Алалших.

Алалших, кој е министер во Ријад, рече дека сака Фјури да се бори со Ентони Џошуа во март 2025 година. Доколку Тајсон Фјури успее да се справи со Усик во двете борби, тогаш во март 2025 година ќе го видиме со Џошуа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО