Занети: Лаутаро ќе продолжи како капитен на Интер

Претседателот на Интер, Хавиер Занети категоричен е дека напаѓачот Лаутаро Мартинез ќе игра за тимот и во следната сезона. Клубот нема намера да се раздели од 26-годишниот Аргентинец и има намера да му понуди нов договор со плата од девет милиони евра годишно.

– Лаутаро ќе остане во клубот и ќе продолжи да биде наш капитен, изјави Занети за „ДАЗН“.

Мартинез игра за Интер од 2018 година. Сезонава тој одигра 42 натпревари, на кои постигна 26 гола и имаше шест асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО