Жалбата одбиена, Форест останува без четирите бода

Жалбата од фудбалскиот клуб Нотингем форест против одлуката на англиската Премиер лига да му одземе четири бода поради прекршување на финансиските правила е одбиена, објави познатиот новинар и инсајдер на Атлетик, Дејвид Орнштајн.

Така „шумарите“ ќе останат на 17. место на табелата во Премиер лигата, на два меча до крајот на сезоната. Форест има 29 бода, три повеќе од Лутон кој е на 18. место. Во следниот натпревар во првенство Форест ќе игра против Челси.

На Нотингем форест кон средината на март му беа одземени четири бода, на почетокот од сезона Евертон остана без 10 бода поради прекршување на финансиските правила. Но, по жалбата, на Евертон му беа вратени четири поени.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО