10/09/2024

Одличен настап на Ангел Петрушев на ЕП во кајак на диви води

На Европското првенство во кајак на диви води, кој се одржа во Словенија (Тацен), најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев го освои извонредното 6-то место.

Тој најнапред, во полуфиналето (од 12 кајакари) како 10-ти се пласирше во финалето и со одлично техничко возење, без казнени поени, го освои 6-то место, а за само една секунда му избега бронзениот медал.

Во оваа дисциплина К1 мажи настапија вкупно 60 натпреварувачи од кои само 12 се квалификуваа во финалната трка

Со овој пласман, Ангел Петрушев покажа дека е сериозен кандидат за учество на Олимписките игри и секако еден од оние кои Македонскиот Олимписки комитет ги помага и уште повеќе ќе ги помага во насока на постигнување на врвни спортски меѓународни резултати.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО