Хари Кејн е најдобар стрелец во Будеслигата

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн стана најдобар стрелец во сезоната која заврши денес во Бундеслигата. Англичанецот постигна 36 голови. Оваа сезона Хари кејн одигра 32 натпревари во германското првенство, а освен 36 гола имаше и осум асистенции.

Второто место на листата на најдобри стрелци во сезоната во Бундеслигата го зазеде напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој постигна 28 гола.

Да потсетиме, 30-годишниот фудбалер минатото лето се пресели во минхенскиот клуб од Тотенхем. Неговата цел беше оваа сезона да ја освои првата титула во кариерата, но за жал Баерн Минхен остана без трофеј, а за Хари Кејн ова е само утешна награда. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2027 година. Пазарната вредност на фудбалерот е 110 милиони евра.

Кејн оваа сезона забележа 45 настапи за Баерн во сите натпреварувања. Има 44 гола и 12 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО