Ројс се одјави од Бундеслигата: Благодарност, последната тура е на мене!

Борусија Дортмунд со победа се прости сезонава од Бундеслигата, а триумфално заминува и Марко Ројс, легендата на клубот.

Ројс кој цел свој живот го помина во Дортмунд, реши дека е време да се прости од активното играње фудбал, а сето тоа на крајот за него може да биде зачинето со евентуално освојување на титулата во ЛШ.

Ројс на денешниот натпревар против Дармштат постигна и гол и на најдобар можен начин се одјави. По завршување на натпреварот, тој направи и еден џентлментски потег.

– Ви благодарам за се, последната тура пиво е на моја сметка, порача Марко Ројс.

Марко Ројс за Дортмунд одигра 425 натпревари и постигна 170 голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО