Обрадовиќ се обиде да им долови на навивачите каде синоќа Партизан го загубил натпреварот

Партизан синоќа повторно успеа да прокоцка добиен натпревар, овој пат на гостувањето во Болоња кај Виртус.

Несреќниот расплет на настани ги остави „црно-белите“ без полн плен во Италија синоќа, а нивниот тренер по натпреварот се обиде да објасни кој е нивниот проблем.

– Одигравме добар натпревар, посебно во вториот дел или последната четвртина. Проблемот е што и со четири надворешни играчи не одреагиравме добро на нивниот пресинг, загубивме доста евтини топки и таму не победија. Им честитам на играчите на Болоња за победата, порача Жељко Обрадовиќ.

Партизан на само две минути пред крајот на средбата, имаше +6 и може да се каже дека ја имаа победата во раце, но дел од загубените топки на крајот им се осветија на резултатот.

Партизан е на 11. позиција на табелата со негативен скор од 12 победи и 13 порази, додека Виртус е со учинок од 16-9.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО