Чави: Сите гледаме како Реал Мадрид ги уценува судиите, не сме будали и слепи!

Првиот човек на Барселона пред некој ден рече дека не се слепи и дека гледаат што се случува на натпреварите, односно алудира на тоа дека „кралевите“ редовно се поттурнати напред од судиите.

Сега со скоро идентичен став излезе и тренерот на Барселона, Чави Ернандез, кој знае зошто Реал Мадрид победува.

– Реков веќе дека не би сакал некој да ги условува судиите, но ете, Реал Мадрид тоа го прават. Се согласувам 100% со она што го рече претседатениот на клубот. Мора да се натпреваруваме, но под исти услови, а не некој да биде фаворизиран.

– Дури и слеп човек може да види што прават судиите, Чоло Симеоне го потврди истото, па не сме будани ние, сите тоа го гледаат со голо око, порача Чави Ернандез.

На крајот од сезоната, каков и да биде епилогот на Барселона и без оглед на тоа дали ќе освојат некоја титула, Чави Ернандез заминува, а неговото место ќе го наследи некој друг тренер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО