Хамилтон се коцка со Ферари – посакува филмски крај на кариерата на коњчето од Маранело

Малкумина веруваа дека Луис Хамилтон по седумте освоени титули (6 со Мерцедес и првата со Мекларен), потоа ќе вози за Ферари, барем не во ситуација во каква што е сега Ферари, долг период без шампионски титули.

Но ете, се случи и тоа, Британецот ја сакаше славата која доаѓа од култниот тим од Маранело и од идната сезона ќе вози за нив (2025).

Со оглед на тоа дека до овој момент, Ферари нема шампионска титула долги години или попрецизно, во 2007 со Кими Раиконен во возачка конкуренција и во конкуренција на конструктори од 2008 година, токму кога Луис Хамилтон беше прв пат шампион во Ф1.

Но мора да се разбере и Луис Хамилтон и неговата одлука, бидејки имаше три фрустрирачки сезони против Макс Верстапен и Ред Бул, каде всушност заминаа последните три титули, па веројатно се реши за неверојатен крај на кариерата, како возач на Ферари.

Луис Хамилтон одбележа една златна ера со Мерцедес, слична на онаа со Михаел Шумахер и Ферари, само што во случајот со Британецот, тој скоро и да немаше конкуренција, освен во 2016 година, кога Нико Розберг успеа да го предизвика тимскиот колега и на крајот да стане светски шампион.

Многумина ќе кажат дека Луис Хамилтон со ова се коцка, па и точно е, но не смее да се заборави дека Британецот се коцкаше и во минатото, кога од Мекларен, премина во Мерцедес, тим за кој никој не знаеше дека ќе има неверојатни сезони низ патеките на Ф1 и дека токму со него ќе ги извојува најубедливите победи во историјата на Ф1.

Првиот пат хазардерскиот потег на Хамилтон му се исплати максимално, трансферот во Мерцедес го лансира рамо до рамо со најуспешниот, Михаел Шумахер, па останува на времето да покаже што ќе следува за Хамилтон во боксот на Ферари.

За Хамилтон добро е тоа што има цврсти односи со првиот човек во гаражата на Ферари, Фредерик Васер, бидејки тие двајца соработуваа уште во младите години, кога Британецот возеше и во други конкуренции надвор од Ф1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО