Норвежанката Мовинкел оди во пензија

Норвешката скијачка Рагнхилд Мовинкел објави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната.

-Оваа одлука ја донесов пред трката во Кортина Д’Ампецо, односно пред да победам таму“, изјави 31-годишната Мовинкел во емотивното видео објавено на нејзиниот Инстаграм профил. Мовинкел досега победи на четири трки од Светскиот куп, последната на спустот во Кортина д’Ампецо на крајот на јануари. Таа исто така освои две сребрени олимписки медали на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг (спуст, велеслалом), а има и две бронзени медали од светските првенства (2019 година во Аре во комбинација и 2023 година во Мерибел во велеслалом).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО