Томовски: Мораме да ја запреме брзата транзиција на Ф.Острови

Најдобрите македонски ракометари под водство на селекторот Кире Лазаров денеска ги почнаа подготовките за двомечот со Фарските Острови за пласман на Светското првенство (СП) 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

– Фарските Острови можеби не се многу атрактивен противник на хартија, но се доста силни, квалитетни. Повеќето нивни ракометари играат во силни лиги, a средниот и левиот бек им се главните адути, иако и другите се многу квалитетни играчи.

Ќе биде пеколно тешко, играат брзо, мораме да им ја запреме брзата транзиција. Но нам ни е позната таа игра, мислам дека тактички ќе одговориме на задачите на селекторот Лазаров и со добра одбрана, пред се’, ќе се радуваме и ќе се пласираме на Светското првенство. Добра работа за нас е тоа што немаме повредени играчи и што ќе бидеме комплетни, изјави голманот Мартин Томовски.

Победникот од двомечот Македонија – Фарски Острови ќе се пласира на СП 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Доколку Македонија се пласира на СП, најверојатно во групната фаза ќе игра во група во Хрватска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО