Третиот на светот се повлече од турнирот во Рим

Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се повлече од турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим, што ќе се игра следната недела. Причина за откажувањето се болките во десната подлактица кои ги почувствувал по враќањето во Мадрид.

Младиот Шпанец беше поразен во средата во четвртфиналето на турнирот во Мадрид, каде што играше по едномесечна пауза.

– Почувствував болка, непријатност во раката по играњето во Мадрид. Имав тестови и имам едем на мускулот на подлактицата, што е последица на неодамнешната повреда. За жал, нема да можам да играм во Рим, ми треба одмор за да се опоравам и да можам да играм без никакви болки, објави Алкараз на социјалните мрежи во петокот, три недели пред грен слем турнирот на Ролан Гарос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО