Лопетеги ќе го замени Мојс на менаџерската позиција во Вест хем?

Вториот мандат на Дејвид Мојс во Вест хем наскоро би можел да заврши бидејќи летово му истекува договорот. „Чеканите“ се во потрага по негова замена и наводно блиску се до договор со Шпанецот, Хулен Лопетеги

Според „Гардијан“, преговорите меѓу клубот и поранешниот шеф на „Волците“, Лопетеги не се завршени иако двете страни се блиску до „постигнување договор“. Но се додава дека одлуката нема да биде донесена додека бордот не разговара и со Мојс подоцна овој месец.

Иако се разгледуваат и неколку други кандидати, некои во клубот од источен Лондон сепак веруваат дека Португалецот, Рубен Аморим од Спортинг кој бил неодамна во Лондон, би бил најдобрата личност за наследник на Шкотланѓанецот.

Аморим, кој е под договор со Спортинг до 2026 година, има откупна клаузула од 12,8 милиони фунти и не е јасно дали „чеканите“ се подготвени да ја платат таа сума, оставајќи го Лопетеги како прв фаворит.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО