Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, попладнево во изјава за британските медиуми, потврди оти сезоната за Митома е завршена.

-Тоа е голем проблем. Верувам дека ќе мора да паузира два или три месеци, што значи дека сезоната за него е завршена“, рече Де Зерби.

Митома за Брајтон одигра 52 натпревари во сите натпреварувања и постигна десет голови.