Македонските одбојкари денеска ги почнуваат подготовките во Струмица

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација предводена од новиот селектор, Хари Наковски денеска ги почнува подготовките.

Во пресрет на Европската „златна“ лига и квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2026 година, Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) пред неколку дена официјално го промовираше Наковски како нов предводник на нашата селекција.

Тој го наследи Јошко Миленкоски, кој лани ја предводеше Македонија до најголемиот успех, пласман во осминафиналето на ЕП 2023 година.

Во Стручниот штаб на Хари Наковски ново име е асистентот, Кристијан Ристески, а скаутот Павле Матиќ и кондицискиот тренер Горан Панковиќ работеа и минатата година. На Стручниот штаб ќе му помага и досегашниот селектор Миленковски кој со своето искуство ќе се обиде да му даде поддршка на новиот селектор.

Состав на македонската одбојкарска репрезентација: Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија) Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72) Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип) Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД) Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД)

Распоред на натпревари во Европска „златна“ лига 2024: 17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА 19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка 25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан 26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА 31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска 01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО