НХЛ, плеј-оф: Едмонтон е последниот финалист на Западот

Хокеарите на Едмонтон се пласираа во финалето на плеј-офот во Западната конференција, во канадско-американската хокеарска  НХЛ лига, Тие во решавачкиот, седми меч го совладаа Ванкувер на гости со 3:2, со што ја добија серијата со 4:3.

Во финалето на Западот, Едмонтон ќе игра против Далас, кој претходно беше подобар од Колорадо, 4:2.

Во финалето на Источната конференција ќе играат Њујорк ренџерс и Флорида. Двата тима во конференциските полуфиналиња беа подобри од Каролина, односно од Бостон, со по 4:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО