Каземиро разочаран од Манчестер јунајтед: Како одеднаш станав безвреден?

Петкратниот освојувач на Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал Мадруд, Каземиро, ја заврши најлошата сезона во кариерата. Бразилецот би требало да биде еден од првите што го напушти „Олд Трафорд“ летово, а како најверојатни дестинации се сметаат Саудиската Про лига или американската МЛС лига.

Во неодамнешното интервју, Каземиро беше прашан како се справува со критиките, на што тој одговори:

– Сето тоа е дел од фудбалот, а јас секогаш сум многу смирен. Кога станува збор за конструктивна критика, секогаш е добредојдена, особено во фудбалот кога ќе играш на високо ниво 10 години, и кога ќе паднеш малку, секогаш ќе има реакција.

Минатата сезона важев за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден? Тоа е непочитување. Од моментот кога почувствував омаловажење, не сум во најдобро расположение, не сум како што треба. Ја загубив почитта кон некои луѓе, изјави Каземиро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО