Никола Миротиќ е пред постигнување договор со Барселона за исплата на парите што му се должат по раскинувањето на соработката, што лани еднострано го стори шпанскиот гигант.
Барселона ќе треба на Миротиќ да му исплати 20 милиони евра за двете години од договорот што ненадејно го раскина! Тоа, според „АС“ ќе треба да го направи во наредните четири до пет години.
Никола минатата сезона ја напушти Барселона, иако имаше важечки договор до 2025 година. Затоа по раскинувањето на соработката ги бараше парите што му припаѓаат.