Хумелс го менува Калафиори?

Болоња следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, но овој италијански тим во текот на летото ќе претрпи големи промени во играчкиот кадар, додека веќе го загуби тренерот Тиаго Мота кој замина во Јувентус.

Во меѓувреме и челниците на Болоња работат на доведување засилување, а италијанските медиуми пишуваат дека нивна голема желба е прекалениот германски стопер Матс Хумелс.

Откако заминувањето на Рикардo Калафиори во Арсенал е речиси сигурно, клубот сака да ангажира искусен дефанзивец.

Хумелс има одлична сезона во Борусија Дортмунд, со која стигна до финалето на Лигата на шампионите и избори пласман во елитното натпреварување преку Бундеслигата.

Одигра 40 натпревари, но го напушти клубот поради несогласувања со тренерот Един Терзиќ. Подоцна Терзиќ доби отказ и од Дортмунд, што е многу интересно.

Хумелс не се најде ниту на списокот за германската репрезентација за ЕП и поради тоа беше многу разочаран.

Да потсетиме, Хумелс се најде и на листата на желби на германскиот шампион Баер Леверкузен, па останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО