Македонскиот борач Марио Ананиев го освои бронзениот медал на Европското првенство У15

Ананиев со учинок од четири победи и еден пораз дојде до бронзениот медал на континенталниот шампионат во Лутраки, Грција.

Нашиот натпреварувач во категоријата до 57 килограми во борбата за бронзата со 7:0 го совлада Валентин Господинов од Бугарија.

Ананиев оствари и победи против Теноре (Италија), Сураилов (Кипар) и Далиба (Летонија), а загуби од Ибрагимов (АИН, неутрален).

На Европското У15 првенство учествуваат над 700 млади борачи од 35 држави.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО