Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е подготвен да почне преговори со Челзи за трансфер на аргентинскиот репрезентативец од средниот ред Енцо Фернандез, јавија шпанските медиуми.
Одлуката на клупското раководство на Реал доаѓа откако Баерн одби да разговара за продажбата на францускиот репрезентативец Михаел Олисех.
Медиумите наведуваат дека Реал алтернативно решение гледа во фудбалерите од средниот ред Матеус Фернандез од Вест Хем и мароканскиот репрезентативец Ајуб Буади.
Аргентинецот Фернандез дојде во Челзи во јануари 2023 година од Бенфика во трансфер вреден 121 милион евра.
Минатата сезона, Фернандез постигна 15 голови и додаде седум асистенции за Челзи, а во дресот на аргентинската репрезентација досега одигра 44 натпревари на кои постигна шест голови и запиша исто толку асистенции.