ФФОСЗ во Охрид домаќин на научна конференција од областа на физичкото образование

Во организација на FIEPS и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, од 30 мај до 2 јуни во Охрид се одржува 18. Конгрес на FIEPS, како и 6-тата научна конференција од областа на физичкото воспитување.

На овој голем меѓународен настан кој е во тек, присутни се над 200 учесници, меѓу кои декани на факултети, професори и стручни лица од целиот свет, кои со своја експертиза и искуство разговараат за развојот на физичкото образование, спортот и културата.

Во таа пригода, деканот на Факултетот за фузичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски, пред новинарите ги изложи и своите видувања од организацијата на настанот.

„Овде во Охрид се собраа многу луѓе кои се исклучително битни во делот од физичкото образование во Европа и светот. Присуствуваат преставници од 35 држави од пет континенти. Имаме над 150 научни трудови кои се презентираат и се бранат по различни секции и симпозиуми. Овие четири дена Македонија е центар на луѓето кои го развиваат физичкото образование, физичката култура, едукација и спорт. Според реакциите на гостите и оние кои се во научниот дел, тие се импресионирани од организацијата и нивото на кое организиран овој голем настан, удостоен и со присуство на претседателот на Македонија“, вели деканот на Факултетот за физичко образование и здравје, Влатко Неделковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО