На Борусија Дортмунд воопшто „не им е важно“ што Реал е јасен фаворит

Тренерот на Борусија Дортминд истакна дека воопшто не му е гајле што сите го сметаат Реал Мадрид за јасен фаворит во финалето.

Иако Дортмунд е веќе „отпишан“ од ова финале, Един Терзиќ, смета дека тие треба да се фокусираат на својата игра и дека во еден натпревар може се да се случи.

– Јасно е дека важат за јасен фаворит, но нам и не ни е премногу важно тоа. Знаеме дека ќе биде тешко, но ако играме добро, на еден меч се е можно. Не бевме фаворити ни против Атлетико Мадрид, а ни против ПСЖ, а веќе сме во финале.

– Би било пред натпреварот да зборувам за слабостите кои ги има Реал Мадрид. Има многу точки од играта на кои можеме да ги добиеме. Реал е голем противник. Ако ја гледаме нивната историја, играме против најголемите. Но ако не верувавме во себе, требаше да останеме во Дортмунд и да не патуваме во Лондон за финалето, порача Терзиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО