Екс македонскиот репрезентативец на пат кон Басконија

Џордан Теодор наскоро би можел да го облече дресот на Басконија. Овој кошаркар би пристигнал во тимот на Душко Ивановиќ во време кога има само еден вистински организатор на играта.

Басконија во последно време поради повреда не смета на Крис Чиоза, па Коди Милер Мекинтајр е единствениот вистински плеј. Кога е на клупата, на „кецот“ се Маркус Хауард и Вања Маринковиќ, но и двајцата имаат позначајна улога на позицијата два.

Џордан Теодор е искусен бек кој исто така е способен да постигне многу поени, но досега најголем дел мина во натпреварувања како Еврокупот и Лигата на шампионите. Теодор со оглед на тоа што има македонско државјанство во АЦБ лигата ќе игра без ограничувања.

Џордан сега е член на Метрополитен каде бележи по 13 поени во просек, а настапуваше и за Франкфурт, Самара, Венеција, Уникс, Бешикташ, АЕК, додека единствената евролигашка сезона како играч на Армани ја имаше пред шест години.

Своевремено беше и стандарден репрезентативец на нашата селекција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО