Синер против Ѓоковиќ во полуфиналето на АО

Италијанецот Јаник Синер ќе игра против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен. Светскиот рекет број 4 во четвртфиналето го победи Русинот Андреј Рубљев со 6:4, 7:6 (5), 6:3 и првпат во кариерата се пласираше во полуфиналето на Грен слем турнирот во Мелбурн.

Два часа и 41 минута траеше натпреварот меѓу Италијанецот и петтиот светски рекет.

Рубљов пропушти двете брејк топки во првиот сет, а за разлика од него, Италијанецот ја искористи првата, што беше доволно за водство.

Вториот сет го реши победникот. Русинот водеше и со 5:1 во тај-брејкот, а потоа Синер врза шест поени и со голем пресврт стигна до водство од 2:0, а според се што подоцна се виде и до победа.

Третиот сет го одбележаа обидите на Рубљев да пружи што посилен отпор, но се забележуваше дека Синер има се во свои раце. Доволна му беше уште една брејк за првпат во Австралија да се пласира во полуфиналето.

Синер за два дена ќе се соочи со Ѓоковиќ по седми пат во кариерата, а вторпат во полуфинале на Грен слем. Српскиот ас победи на четири меча, вклучувајќи го и минатогодишното полуфинале на Вимблдон, а Италијанецот два меча, вклучувајќи го и последниот, во Дејвис купот на 25 ноември.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО